Русија тврди дека илјада украински војници се предале во Мариупол
Русија тврди дека 1.026 украински војници го положиле оружјето во опколениот град Мариупол. Јужното пристаниште е нападнато со недели и се верува дека е блиску до паѓање во рацете на Русија.
Се вели дека групата, од 36-та поморска бригада, се предала во близина на фабриката за железо и челик „Илич“.
Портпаролот на украинското Министерство за одбрана, Олександр Мотузјаник, рече дека сè уште нема информации за извештаите.
Претходно во текот на неделата, заменик-градоначалникот на Мариупол ја означи како „лажна“ објавата на Фејсбук што ѝ се припишува на истата бригада во која се тврди дека на војниците им снемало муниција и немаат поддршка.