Русија тивко признава – економијата е пред колапс поради санкциите

Руското Министерство предвидува дека падот на БДП оваа година ќе изнесува 12 проценти, според документот кој го видел Блумберг


Москва

 

Русија приватно призна дека земјата се соочува со најголемиот економски колапс во последните три децении како резултат на западни санкции, покажува протечената копија од прогнозите на Кремљ.

Руското Министерство за финансии предвидува колапс на бруто домашниот производ (БДП) од 12 отсто оваа година, што е најдлабокото економско стегање од 1994 година, кога Русија се движеше кон капитализмот под претседателот Борис Елцин.

Протечената прогноза ќе изврши притисок врз Владимир Путин, кој се соочува со критики од официјални претставници на Кремљ кои предупредуваат на штетната политичка и економска цена на неговиот воен план.

Руската економија зависна од извозот сега запаѓа во рецесија откако рускиот моќник ја нападна Украина што предизвика опсежни западни санкции, вклучително и делумно замрзнување на нејзините резерви.

Според протечените документи од Министерството за финансии, видени од Блумберг, нивната бројка за намалување од 12 отсто е попесимистичка од предвидувањата на Министерството за економија за пад од 8 отсто оваа година.

Кремљ не објави јавна прогноза откако Русија ја нападна Украина, а Министерството за финансии тврди дека прогнозата е неточна.

„Подготовката на официјалните макроекономски прогнози не е под надлежност на Министерството за финансии“, се вели во соопштението на Министерството, додавајќи дека „очекува дека мерките преземени од владата и Банката на Русија ќе овозможат олеснување во голема мера негативните последици од санкциите и да се обезбеди стабилен економски развој“.

Изминатиот викенд, Г7, вклучително и САД и Велика Британија, објави сет на нови санкции кои се насочени кон руските медиуми и директорите на банките.

За време на тој состанок, лидерите на Г7 се согласија да го следат примерот на САД и да се посветат на постепено укинување или забрана на увозот на руска нафта. Овој потег масовно ќе ја оштети способноста на Путин да ја финансира својата војна бидејќи енергијата е главен извор на државни приходи за Русија.

„Главните негативни страни се нафтено ембарго, ЕУ се откажува од рускиот гас, заедно со повеќе заминувања од странски компании“, изјави за Блумберг Натали Лаврова, главен економист во финансиската групација БЦС во Москва.

„Сето тоа веројатно постепено ќе се прошири, а многу негативни реперкусии ќе се пренесат во 2023 година.

Лаврова предвидува дека руската економија ќе се соочи со пад од 10,8 отсто оваа година и околу 5 отсто во 2023 година врз основа на сегашните санкции.

Банката на Русија на 29 април соопшти дека очекува намалување помеѓу 8 и 10 отсто оваа година.