Русија склопи спогодби за производство на „спутник V“ со повеќе европски земји
Русија склопи спогоби со неколку европски земји за производство на вакцината против корона вирус „спутник V“, пренесе новинската агенција Интерфакс.
Извршниот директор на фондот за директни вложувања Кирил Дмитриев наводно тоа го објавил во понеделник во Москва, но не кажал за кои фирми станува збор.
Спогодбите се со фирми од Германија, Франција, Италија и Шпанија.
Целта е да се обезбеди испорака на руската вакцина во европските земји штом се добие дозвола од Европа.
Европската агеција за лекови ЕМА, уште не ја одобрила руската вакцина.
Италија веќе најави пред една недела дека компанијата „Адиене Срл“ во Ломбардија ќе го прозведува „спутник V“ од јуни.
Русија наведува дека таа вакцина веќе е одобрена во 50 држави, меѓу кои и Унгарија, каде производството продолжува без одобрение од ЕМА.
Кремљ се пожали на постапката за одобрување на „спутник V“ во Европа за која смета дека е исполитизирана.