Русија развива вакцина против повеќе вируси одеднаш


 

Специјалисти од рускиот Национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“, почнаа со претклиничка студија за вакцина, која истовремено треба да пружи заштита од повеќе различни вируси или неколку соеви на ист вирус.

„Зборуваме за вакцина која почнавме да ја тестираме на мајману“, велат од таму.

Целта на оваа технологија е да може истовремено да го заштити човекот од различни соеви на еден патоген, или дури и од повеќе вируси кои циркулираат во исто време меѓу човечката популација“, рече дирекоторот на „Гамалеј“, Александар Гинтсбург.

Тој додава дека овие почнати претклинички студии за новата вакцина немаат никаква врска со вакцината против Ковид-19, “спутник V“, која исто така ја разви овој центар.

Порано овој месец, руската биофармацевтска компанија „Нанолек“ најави дека ќе почне со комбинирани клинички испитувања на вакцина против корона вирусот за една година.

Според податоците од компанијата, комбинираните вакцини би го намалиле ризикот од истовремена примена кај епидемијата на гип и Ковид-19.

Русија досега разви пет вакцини против Ковид-19: „спутник V“ и „спутник лајт“, кои ги разви центарот „Гамалеј“, „епивак корона“ и „епивак корона-ен“ кои ги разви Векторскиот државен истражувачки центар за вируси и биотехнологија и „ковивак“, развиена од Сојузниот центар за истражување и развој „Чумаков“.

Сите вакцини се примаат во две дози, освен „спутник лајт“ која се препорачува во една доза.