Русија протера естонски дипломат

Русија денеска протера естонски дипломат, како реципрочна мерка за протерувањето на руски дипломат од Талин, обвинет поради „мешање“ во внатрешните работи.
– Ниту една непријателска акција на Tалин нема да остане без одговор, соопшти руското Министерство за надворешни работи.
Естонија на 13 август протера еден руски дипломат поради „директно и активно“ мешање во загрозување на уставниот поредок и правниот систем на земјата, како и за „поделба на естонското општество“.
Тензиите помеѓу двете поранешни советски републики се зголемија по руската офанзива врз Украина. Русија од февруари 2023 година нема амбасадор во Талин