Русија почнува да го користи новиот систем С-500


Русија го заврши тестирањето на новиот противракетен систем С-500 и почна да го доставува до вооружените сили, изјави денеска вицепремиерот Јуриј Борисов.
 
Тој го опишува како систем за вселенска одбрана и посочува дека може да пресретне интерконтинентални балистички ракети, хиперсонични крстосувачки проектили и авиони.
 
Русија почна да го тестира минатата година и војската соопшти дека прво ќе биде распореден во околината на Москва.
 
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во 2019 година истакна дека Анкара заедно со Москва ќе го произведе системот С-500.