Рубио: Сирија може да се соочи со граѓанска војна од епски размери

Американскиот државен секретар Марко Рубио повика на поддршка за преодните власти во Сирија и предупреди дека земјата може да биде само неколку недели од „целосен колапс и разорна граѓанска војна од епски размери“.
На сослушувањето пред Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, Рубио ја бранеше одлуката на претседателот Доналд Трамп да ги укине санкциите врз Сирија минатата недела, пред да се сретне со претседателот Ахмед ал-Шар, поранешен командант на Ал Каеда кој ја предводеше бунтовничката офанзива со која беше соборен Башар ал-Асад во декември.
Трамп, објасни Рубио, процени дека другите земји сакале да ѝ помогнат на сириската администрација и да испратат хуманитарна помош, но биле спречени во тоа поради американските санкции. Сириските власти сè уште не ја коментираа оваа одлука.