Рубио повика на деескалација меѓу Индија и Пакистан

Американскиот државен секретар Марко Рубио разговараше со началникот на пакистанската армија, генерал Асим Мунир, и ги повика Пакистан и Индија да најдат начини за деескалација, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент.
Пакистан соопшти дека рано утрово започнал воена операција против Индија, насочена кон повеќе бази, вклучувајќи и складиште за ракети во северна Индија.Пакистан тргна во одмазничка акција за неодамнешниот индиски напад на девет локации на нивна територија кој пак Њу Делхи го објасни како реакција на претходно убивање на 25 Индијци и еден Непалец. Индија објави дека биле нападнати неколку нивни воени бази а Пакистан соопшти дека погодиле повеќе цели во Индија и нејзиниот дел на спорниот Кашмир. Експлозии биле слушнати во индиските Шринагур и Џаму, населението е повикано да остане дома а воздушниот простор во Пакистан е затворен. Премиерот Шехбаз Шариф го свикал и националното тело за надзор на нуклеарниот аресенал.