Романија: Затвор за министерка и за ќерката на поранешниот претседател

Суд во Романија денеска ги осуди на казна затвор Елена Удреу, поранешна министерка во владата на Романија и Јоана Басеску, ќерка на поранешниот претседател Трајан Басеску.
Тие се осудени за перење пари и поттикнување на примање мито во текот на претседателската кампања во 2009 година.
Ќерката на поранешниот претседател доби пет години затвор за министерката и блиска соработничка на претседателот Басеску, осум години, без право на жалба.
Со истрагата на антикорупцискиот тим во Романија потврдени се низа кривични дела во политичките парии на власт во кои спаѓаат судир на интереси, злоупотреба на моќта и службената положба, измама и доделување на државни договори во замена за мито.