Романија повторно подобра од македонските ракометари

Букурешт – Македонската ракометна репрезентација го доживеа вториот пораз од Романија, која денеска беше подобра со 28:24 (15:10).
И вчера двете репрезентации играа пријателски меч, а тогаш Романците победија со 32:27.
„Жолто-црвените“ имаа проблем со реализацијата и немаа ниту едно водство во текот на натпреварот, па заслужено доживеаја пораз.
Мартин Серафимов со пет голови беше најфеикасен во нашата селекција, по четири постигнаа Марко Митев и Жарко Пешевски.
Инаку на овие натпревари селекторот Кирил Лазаров не може да смета на неколку играчи – Филип Кузмановски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриноски.
Натпреварите против Романија како дел од ЕХФ неделата се дел од подготовките за мечот против Фарски Острови во мај за пласман на Мундијалот.