Републиканка од Флорида повика да се убијат сите Палестинци


Гневот расте по „застрашувачкиот повик за геноцид“ од републиканецот од Флорида
Повици да се осуди Мишел Салцман, која рече: „Сите“ кога демократот праша: „Колку [мртви Палестинци] ќе бидат доволни?“

Ерум Салам
Пет, 10 ноември 2023 19,34 по средноевропско време
Незадоволството во САД продолжува да расте по јавниот коментар на конгресменката од редовите на републиканците Мишел Салцман која повика да бидат убиени сите Палестинци. Таа порака таа ја упати за  време на дебатата во американскиот законодавен дом за да се побара пауза во израелската инвазија на Газа, во која досега загинаа повеќе од 10.000 Палестинци, од кои многу деца.  Во говорот за поддршка на резолуцијата за прекин на огнот, претставничхата ба демократите од Флорида Енџи Никсон рече: „Досега има 10.000 загинати  Палестинци. Колку ќе бидат доволни?”

„Сите од нив“, одговори Мишел Салцман. Државниот дом на Флорида подоцна со 104-2  ја отфрли резолуцијата на Никсон.

 Советот за американско-исламски односи,  што е најголемата американска организација за муслимански граѓански правасоопшти  дека забелешките на Салцман се „застрашувачки повик за геноцид“ и „директен резултат на децениите  на дехуманизација на палестинскиот народ од страна на застапниците на израелскиот апартхејд и нивните желни овозможувачи во владата и во  медиумите“.

„Зборовите на Салцман се неверојатно опасни и дехуманизирачки за Палестинците, овде и под израелска окупација“, рече имамот Абдула Џабер. „Таа мора да се соочи со цензура од  нејзината партија и јавното отфрлање од сите законодавци на Флорида“.