Рекордни броеви на мртви во Русија со денови, виновен делта сојот


 

Во Русија денеска се забележани 697 смртни случаи поврзани со заразата од Ковид-19, што е најмногу во еден ден од почетокот на пандемијата и петти ден по ред се постигнуваат рекордни броеви по однос на смртни случаи, пишува Ројтерс.

Владината работна група за корона вирус соопшти дека има 24.439 нови случаи со корона вирус, најмногу од почетокот на јануари. Надлежните за порастот на бројот случаи и починати го обвинуваат новиот делта сој, кој прв пат беше забележан во Индија.