Рекорден број починати во еден ден од корона вирус во Србија – 69
Во последните 24 часа во соседна Србија тестирани се 22.497 лица, а 7.782 биле позитивни, додека за жал 69 пациенти починаа.
На респиратор во болниците се наоѓаат 270 пациенти.
Досега црниот рекорд од починати од Ковид-19 во еден ден беше 65, а 7.999 позитивни. Во моментот во болница се лекуваат 7.700 лица.
Епидемиологот Предраг Кон очекува следната недела да падне бројот на новозаразени, но не секаде во земјата рамномерно, затоа што вирусот различно се ширеше.
– За празниците ситуацијата ќе биде тешка затоа што притисокот врз болниците ќе биде и понатаму голем. Мерките ќе бидат на сила се додека треба, лично мислам дека не треба да бидат поостри, вели Конза РТС.
Членот на Кризниот штаб д-р Бранислав Тиодоровиќ очекува и следната недела да биде тешка поради метежот по продавниците на „црн петок“.