Рекорден број новозаразени и починати од Ковид-19 во Русија


 

Денеска, втор ден по ред во Русија истовремено се бележат рекордни дневни бројки на нови случаи во Ковид-19, како и рекорден број починати од оваа болест.

Во Русија денеска пријавени се 33.208 нови случаи, што е рекорден број на заразени во еден ден и тоа се случува трет ден по ред, а рекордни 1.002 смрти случаи, што е прв пат од почетокот на пандемијата дневниот број на починати од корона вирус да биде поголем од 1.000, соопшти кризниот штаб, пренесе Тас.

Со 1.002 починати денеска, во однос на рекордните 999 претходниот ден, достигнат е вкупен број на починати од корона вирус од 222.315, наведе рускиот кризен штаб.

Ккао што е соопштено, во земјата во послениот ден регистрирани се 33.208 случаи со Ковид-19, што е најголем борј досега и трет рекорден дневен број по ред, а бројот на активни случаи во моментот изнесува 754.162.