Регистрирани нови 73 случаи во Австрија, еден починат


 

Во Австрија, во последните 24 часа, регистрирани се нови 73 случаи со корона вирус, а едно лице почина.

Повеќето новозаразени, овој пат, по подолго време, не се од регионот Горна Австрија, туку во Виена, каде има 38 случаи на новозаразнеи.

Во моментот во Австрија има 1.163 активни заболени, од кои 83 се во болница, а двет на интензивна нега.

Последните 24 часа спроведени се 7.512 тестови, почина еден пациент, со што бројот на жртви се искачи на 709.

Од почетокот на епидемијата во Австрија има 18.954 заразени, а во меѓувреме 17.073 се излечија.