Регионот во снежна блокада: Во делови на Хрватска наврнаа 61 сантиметри, во Сараево се бараат работници за чистење на снегот…


Во делови во регионот, врнежите од снег предизвикаа сериозни проблеми. Така, во главниот град на Хрватска, Загреб, снегот непрекинато паѓаше од вчера наутро до ноќеска, предизвикувајќи проблеми во сообраќајот. Поради снег и ветрови со сила на ураган, автопатот А1 во близина на Светог Рок е затворен. Слично е и во Босна и Херцеговина, каде што има проблеми во градскиот превоз. Јавното комунално претпријатие во Сараево бара работници за рачно и машинско отстранување на снег. Надоместокот за ова работно место кое би траело еден месец, а најмногу три е 1.050 км.

Снег падна во значителни количини во голем дел од Хрватска, но снежната покривка варира во голема мера во зависност од областа. Во некои делови од земјата се измерени десетици сантиметри снег.

Најмногу снег падна во Завижан, каде што се измерени дури 61 сантиметар снег, во Госпиќ 51 сантиметар, Парг-Чабар и Пунтијарка со по 49 сантиметри снег, Огулин 39 сантиметри снег…

Снегот не ја заобиколи ниту континентална Хрватска. Во Карловац наврнаа прилично тешки 29 сантиметри. Во Загреб, снег падна во сите делови од градот – на Максимир се измерени 24 сантиметри, на Грич 22, додека дури 29 сантиметри снег паднаа на аеродромот Фрањо Туѓман, како и во Карловац. Вараждин регистрираше 24 сантиметри, Копривница 25, а Крижевци 23 сантиметри.

Што се однесува до Јадранското Море, во Пула се измерени 2 до 3 сантиметри снег, во Сењ 3 сантиметри и во Книн 2 сантиметри.

Во Босна и Херцеговина, Јавното комунално претпријатие во Сараево бара работници за рачно и машинско отстранување на снег. Надоместокот за ова работно место кое би траело еден месец, а најмногу три е 1.050 км.
Бидејќи редовните капацитети на компанијата не се доволни за навремено и ефикасно одржување на чистотата, проодноста и безбедноста на јавните површини во вонредни околности, планирано е привремено вработување на пет работници за чистење, во период од еден месец, а максимум три месеци.

Ангажираните работници ќе бидат одговорни, меѓу другото, за рачно и механичко чистење на улици, плоштади и други јавни површини, чистење на снег и спречување на мраз, собирање и отстранување на отпад и други комунални задачи по наредба на надлежните служби.

Услов за аплицирање е завршено основно училиште, а основната плата е 1.050 КМ.

Инаку, поради нови снежни врнежи, сообраќајот на патиштата во Босна е отежнат, додека во поголемиот дел од Херцеговина е дождливо.

Додека не се стабилизира временската состојба и не престанат врнежите, на возачите им се препорачува да не излегуваат на пат освен ако не е апсолутно неопходно.