Редок случај во медицината: Вториот близнак изваден со недопрена амнионска кеса
Неверојатни фотографии сподели докторката која извршила породување на близнаци со царски рез во Шпанија, а втората близначка е извадена од стомакот на мајката со недопрена амнионска кеса, нешто што се случува на 80.000 породувања еднаш.
Реткиот случај се случил во болницата во градот Винарос, во провинцијата Кастељон, во источниот шпански регион Валенсија.
Гинекологот Ана Таихељо, која била задолжена за медицинскиот тим кој направил царски рез, на Твитер сподели снимка од породувањето што се случило во средата на 23 март.
„Денеска во болницата Винарос имавме прикриен царски рез (вториот близнак) и овде се гледа одуешевување на улесниците“, напиша таа под фотографиите.
Hoy en el hospital de Vinaròs hemos tenido una cesárea velada (2 gemela) y aquí podéis ver el entusiasmo de los participantes @GVASalutVinaros @VinarosNews @GVAsanitat @epmediterraneo
Porque hay días que hacen que recordemos porque estamos en esto. Lo comparto con permiso, claro pic.twitter.com/YG0OR164Og— AnaTeijelo (@AnaTeijelo) March 23, 2022
Прикриено породување, исто така познато како породување „сирена“, е случај кога бебето излегува во амнионската кеса, која вообичаено пука кога мајката почнува да се пораѓа.
Вакви раѓања се почести при царски рез, но може да се јават и при вагинални породувања.
„Преубави фотографии, зар не?“, додава Ана, „Првиот прикриен царски рез кој сум го видела и ми се допадна. Иако не зборувам ништо на студентите, препознавам дека одушевените извици се мои“,