Реал ги казни Валверде и Чуамени со по 500.000 евра поради физичка пресметка на тренинг


Шпанскиот гигант Реал Мадрид ги казни своите фудбалери, Федерико Валверде и Аурелиен Чуамени, со по 500.000 евра поради тепачка за време на тренинг.

Реал ги изрече казните денеска, ден по физичката пресметка меѓу двајцата фудбалери, во која Валверде со повреди на главата бил пренесен во болница.

Клубот објави дека двајцата играчи се извиниле еден на друг, како и на своите соиграчи, по инцидентот.

Валверде и Чуамени се стандардни во средниот ред на Реал Мадрид, а инцидентот привлече големо внимание во шпанските медиуми пред крајот на сезоната во Ла Лига.

На четири кола до крајот на сезоната во шпанскиот првенство, Реал е второпласиран на табелата со 11 бодови помалку од лидерот Барселона, пред неделното „Ел Класико“ на „Камп Ноу“.