Француски клуб се повлекува од Евролигата, претседателот вели дека не им се исплаќа да играат таму


Францускиот кошаркарски клуб Бург беше една од најубавите кошаркарски приказни во Европа минатата сезона, во која успеа да ја освои титулата во Еврокупот.

Така, Бург освои и место во Евролигата следната сезона, но претседателот на клубот, Жилиен Дезбот, во неодамнешните интервјуа објави дека Бург нема да игра во елитното натпреварување.

Конечната потврда дојде со денешното соопштение од клубот.

„Бург го достигна врвот на своето патување со освојувањето на Еврокупот на 28 април. По овој успех, клубот внимателно ја истражи можноста за приклучување кон Евролигата. Дискусиите вклучуваа финансиски, организациски и структурни фактори. Сфативме дека не можеме да го направиме овој чекор, бидејќи ќе ги загрозиме долго воспоставените темели. По проценката, одлуката беше донесена во согласност со Евролигата“, се вели во соопштението на Бурга.

Ве потсетуваме дека истиот чекор го направи и шпанската Гран Канарија во 2023 година, кога исто така се повлече од Евролигата како победник на Еврокупот.