Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров крунисани со шампионскиот трофеј


По одигрувањето на последниот натпревар од сезоната во женската Суперлига, ракометарките на Ѓорче Петров ЖРК официјално беа крунисани со шампионскиот трофеј и златните медали, како потврда за заслуженото прво место во домашниот шампионат.

Медалите на шампионскиот тим ги додели координатор на женската Суперлига, Силвана Карбеска, додека шампионскиот пехар го врачи генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски.

Ракометарките на Ѓорче Петров ЖРК до шампионскиот трофеј дојдоа во доминантен стил, завршувајќи ја сезоната со 25 победи на 27 натпревари и само еден пораз.

Ова е рекордна 22 шампионска титула за Ѓорче Петров ЖРК, како наследник на поранешниот европски првак Кометал Ѓорче Петров.