НБА: Сан Антонио избори мајсторка во серијата против Оклахома


Кошаркарите на Сан Антонио израмнија на 3-3 во победи против Оклахома во финалната серија во Западната конференција од плејофот во НБА лигата, со убедлив триумф од 118-91 на домашен терен во шестиот натпревар, по што патникот во финалето ќе го даде седмиот натпревар што ќе се игра ноќта меѓу сабота и недела во Оклахома Сити.

Сан Антонио до победата го предводеше француски центар Виктор Вембањама, кој за 28 минути на паркетот постигна 28 поени, погодувајќи две тројки во воведните 90 секунди од натпреварот.

Дилан Харпер додаде 18, а Стефон Касл 17 поени во победничкиот тим, додека Шеј Гилџес-Александер со 15 кошеви беше најефикасен во редовите на актуелните шампиони.

Победникот од мајсторката што ќе стартува во два часот наутро в недела, по македонска време, ќе игра во финалето против Њујорк.