Реакција на БРИМА за обвинувањата од Мицкоски
Агенцијата за испитување на јавното мислење БРИМА реагираше на овинувањата од страна на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека Владата ја платила последната анкета и затоа резултатите се во прилог на СДСМ. Во реакцијата стои:
„Ексклузивното право на користење на резултатите од истражувањето на БРИМА спроведено од 27 август – 9 септември 2021 е купено од страна на Слободен Печат и не е платено од страна на Владата со пари од тендер од 120.000 евра, на кој БРИМА воопшто нема конкурирано“.
Со почит
БРИМА