Расте бројот загинати во ковид-болницата во Ирак, сега има 66 жртви
Бројот на загинати во пожарот кој избувна во ковид-центарот на југот на Ирак порасна на 66, соопштија здравствените власти, додека голема група луѓе се собраа пред градската мртовечница чекајќи ги телата на членовите на своите семејства.
Повеќе од 100 луѓе се повредени во пожарот предизвикан од експлозија на боца за кислород во ковид-одделот, во градот Насари.
Семејствата ги обвинуваат властите
Двајца надлежни изјавија дека во бројот на жртвите пресметани се и 22 изгорени тела чија идентификација не е завршена. Луѓето собрани пред градската мртовечница за несреќата ги обвинија властите за немарност и недостаток на безбедносни мерки во болницата.
„Немаше брз одговор на пожарот, немаше доволно пожарникари. Болните луѓе изгореа. Тоа е катастрофа“, рече Мохамед фадил, кој чекаше да му го предадат телото на неговиот брат. Во април пожар предизвикан од експлозија на резарвоар за кислород во ковид-болница во Багдад однесе најмалку 82 живота, а 110 луѓе беа повредени.