Раниот појадок и вечера имаат важна улога во регулирањето на тежината

Барселона – Раниот појадок и раната вечера може да имаат важна улога во контролата на тежината, според истражување на Институтот за глобално здравје во Барселона.
Резултатите од шпанската установа се објавени во „Меѓународниот журнал за бихевиорална исхрана и физичка активност“ (International Journal of Behavioral Nutrition and Physical Activity). Според наводите на научниците, луѓето кои го почнуваат денот со ран оброк и оставаат повеќе време меѓу вечерата и одењето во кревет, имаат понизок индекс на телесна маса.
– Ова би можело да биде случај, затоа што јадењето порано во денот е повеќе во склад со деноноќниот ритам. Ова овозможува поефикасно согорување калории и подобра контрола на апетитот, што може да помогне во одржување на оптималната телесна тежина. Сепак, прерано е да се извлекуваат какви било конечни заклучоци. Јасните препораки ќе треба да се почекаат додека не се добијат поубедливи докази, рече Лусијана Понс-Муцо, една од авторите на истражувањето.
Во опсежните испитувања учествувале повеќе од 7.000 возрасни луѓе, на возраст 40 – 65 години. Учесниците во 2018. дале подробни податоци за нивната исхрана, распоред на оброци, начин на живот и физички параметри. По пет години, повеќе од 3.000 од нив се преиспитани, и истражувањето е дополнето со обновени здравствени податоци.