Ракометните репрезентации на Македонија играат на светските и европските првенства


Ракометната федерација на Македонија, по победата на машката ракометна репрезентација над Фарски Острови со што се квалификуваа за учество на Светското првенство, се заблагодари на сите поддржувачи, како и на сите кои ги бодреа ракометарите пред малите екрани.

Во рамките на своите програмски определби, Ракометната федерација на Македонија како проиоритет број 1 ги има промоцијата и унапредувањето на македонскиот ракометен спорт во меѓународни рамки. Во текот на репрезентативните квалификациски циклуси/баражи и утврдени натпреварувачки системи од EHF/IHF во машка и женска конкуренција за сите возрасни категории, националните селекции обезбедија учество во следните завршни турнири на континентално и мундијално ниво:

1. Женска сениорска ракометна репрезентација
Women`s EHF EURO 2024 (AUT/HUN/SUI) што се одржува од 28.11.2024 – 15.12.2024

2. Машка сениорска ракометна репрезентација
IHF Men`s Woeld Championchip 2025 (CRO/DEN/NOR) што се одржува од 14.01.2025 – 02.02.2025

Машката и женската младинска репрезентација се пласираа на ракометното EURO што се игра во јули во Словенија, односно во август во Црна Гора.