Ракетата што падна најверојатно е од украинската одбрана, изјави полскиот претседател

Анджеј Дуда го означи инцидентот како трагична несреќа, а шефот на НАТО нагласи дека тоа не е вина на Украина туку последица од руските ракетни напади


 

Полскиот претседател Анджеј Дуда изјави дека проектилот што ја погоди неговата земја во вторникот е „веројатно несреќа“ од воздушната одбрана на Украина.

„Нема индикации дека ова бил намерен напад врз Полска. Најверојатно, станува збор за ракета С-300 од руско производство. Во моментов немаме доказ дека станува збор за проектил истрелан од руска страна“, напиша тој на Твитер во средата.

Дуда за време на прес-конференција рече дека нападот бил „најверојатно несреќен“ бидејќи Украина пресретнала низа руски проектили кои доаѓале.

„Постои големи шанси“ еден од украинските проектили за воздушна одбрана да паднал на територијата на Полска, рече тој. Во инцидентот загинаа две лица.

„Веројатно беше истрелан од украинската воздушна одбрана и за жал падна на полска територија“, рече тој.

„Тоа не беше голема експлозија, но сепак беше експлозија“, додаде претседателот. Тој повтори дека ништо не покажува дека станува збор за „намерен напад“ против Полска.

Дуда рече и дека Полска ја зголемила борбената готовност на своите сили. Тој исто така рече дека разговарал со американскиот претседател Џо Бајден за зголемување на борбената готовност на американската воздухопловна база во Полска.

Ракетата што ја погоди источна Полска беше првпат земја на НАТО да биде директно погодена за време на конфликтот.

И генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека раните истраги сугерираат дека смртоносниот напад во Полска во вторник е „веројатно“ предизвикан од украинска ракета за воздушна одбрана.

„Нашата прелиминарна анализа сугерира дека инцидентот најверојатно е предизвикан од украинската ракета за противвоздушна одбрана истрелана за одбрана на територијата на Украина од напади со руски крстосувачки ракети“, рече Столтенберг за време на прес-конференцијата во средата во Брисел.

„Но, дозволете ми да бидам јасен, ова не е вина на Украина“, додаде тој. „Русија сноси крајна одговорност, бидејќи ја продолжува својата нелегална војна против Украина“. „Немаме индикации дека Русија подготвува офанзивни воени акции против НАТО“, рече шефот на алијансата.

Паѓањето на смртоносниот проектил во источна Полска во близина на границата со Украина во вторникот го означи првиот случај земја на НАТО директно да биде погодена за време на конфликтот. Лидерите на самитот на Г-20 во Бали оттогаш се обидуваат да ги дифузираат последиците од инцидентот.