Работнички и МЗТ убедливи, Гостивар изби на третото место
Со натпреварот меѓу домаќинот Гостивар и Куманово вечерва се комплетира второто коло од кошаркарската Супер-лига.
Водечкиот тандем и најголеми фаворити за трофејот, Работнички и МЗТ Скопје Аеродром постигнаа убедливи победи, додека Гостивар во драматичен дуел го победи Куманово и се искачи на третото место на табелата.
Постигнати резултати:
Работнички – Кожув 88:56
МЗТ Скопје Аеродром – Блокотехна 86:76
Гостивар – Куманово 86:84.
Табела: Работнички 42 бода, МЗТ Скопје Аеродром 41, Гостивар 38, Блокотехна 37, Кожув 34, Куманово 33…