Работилница за младински ставови кон корупцијата


Резултати од истражување со 629 млади лица (16–26 год.) од Скопје, Струмица и Гостивар во врска со нивната перцепција на корупцијата, довербата во институциите и причините зошто не пријавуваат, ќе бидат презентирани денеска на работилницата „Младите и корупцијата: Ставови, искуства и решенија“, организирана од тинк тенк организацијата Аналитика.

На настанот што ќе се одржи во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје, со почеток во 10:45 часот ќе биде презентирана и мобилната апликација „Глас против корупција“, развиена од млади активисти, а ќе се одржи и панел-дискусија на тема „Младите како двигател на промени во борбата против корупцијата“, со учество на претставници од институции, академската заедница и младите.