Путин во посета на Државниот центар за пробни летови


Рускиот претседател Владимир Путин денеска го посети Државниот центар за пробни летови „Чкалов“ во Ахтубинск, каде што му беа прикажани најнапредните радарски и ракетни системи и најсовремени авијациски технологии, вклучувајќи го и борбениот авион МиГ-31 со хиперсоничната ракета Кинджал.

Ловецот од петтата генерација Сухој-57, како и борбениот авион МиГ-35 и примероци на идните напредни беспилотни летала, беа меѓу изложените примери на воената авијациска индустрија.

Исто така, му беа презентирани и Сухој 35 и Сухој 30-СМ, напредниот пресретнувач МиГ-31БМ и МиГ-29К, кој моментно се користи во Руската морнарица, а се запозна и со радарските системи Каста 2-2В и системот за автоматска контрола Фундамент-М, како и радарот Валдаи, наменет за откривање и борба против беспилотни летала.

На рускиот претседател му беа претставени и антиракетните системи С-500 Витјаз и С-300В4, ракетните системи Панцир-С, панцир -СМ и Панцир-СА, како и противвоздушните ракетни комплекси Тор-М2 и Бук-М3.

Путин го посети најнапредниот воен хардвер заедно со министерот за одбрана Сергеј Шојгу, заменик-премиерот Јуриј Борисов, министерот за индустрија Денис Мантуров, претставници на одбранбената индустрија и други воени претставници.