Путин се уплаши, почна да работи на мировен план

Русија продолжува да работи на нацрт-меморандум за принципи за евентуален мировен договор за завршување на војната во Украина, соопшти денес руското Министерство за надворешни работи.
Рускиот претседател Владимир Путин, по телефонскиот разговор со својот американски колега Доналд Трамп претходно овој месец, изјави дека Москва е подготвена да соработува со Украина на меморандум за иден мировен договор.
Путин рече дека меморандумот ќе ги дефинира принципите на евентуално решение, временската рамка за потенцијален мировен договор и деталите за евентуален прекин на огнот.
Портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека работата на рускиот нацрт сè уште е во тек и дека документот ќе ѝ биде предаден на Украина кога ќе биде готов.
„Русија продолжува да развива нацрт-меморандум за иден мировен договор, кој дефинира голем број позиции, како што се принципите на решавање, временската рамка за можен мировен договор и евентуално привремено примирје доколку се постигне соодветен договор“, рече таа.