Путин: Неприфаќање на мултиполарниот свет е причина за судири
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека неподготвеноста на некои земји да прифатат мултиполарен свет доведува до судири.
– Очигледно е дека светот се трансформира во мултиполарен. Во исто време, упорната неподготвеност на некои земји да ја прифатат оваа нова реалност доведува до судири, рече Путин на пленарен состанок на меѓународен форум за развој на парламентаризмот.
Путин порача дека итно е потребно да се изгради доверба во современиот свет.
– Неговата глобална агенда е сложена и обемна. Тој се соочува со големи предизвици и вистински, а не имагинарни закани, истакна Путин.
Тој смета дека одговорот на овие закани може да биде ефикасен доколку целокупната меѓународна заедница стане свесна за тие закани и доколку земјите се подготвени на преговори и донесување колективни одлуки.