Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија

Рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп разменија честитки преку помошниците по повод 80-годишнината од победата на Советскиот Сојуз и неговите сојузници над нацистичка Германија во Втората светска војна, соопшти Кремљ.
– Тоа беа топли зборови, меѓусебни честитки за нашиот заеднички голем празник, изјави советникот на Путин за надворешна политика, Јуриј Ушаков.
Русија ја одбележа 80-годишнината од победата над нацистичка Германија денеска со воена парада на Црвениот плоштад во Москва, на која присуствуваа десетици светски лидери. На прославата не присуствуваше американската амбасадорка Лин Трејси.