Путин: Ерата на либералната глобализација е зад нас, свртете се кон сопствените валути
Путин се појави на самитот во Рио де Жанеиро преку видео врска бидејќи се соочува со потерница од Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин им порача на лидерите на БРИКС дека ерата на либералната глобализација е застарена и дека иднината им припаѓа на брзорастечките пазари кои треба повеќе да ги користат своите национални валути за трговија.
Путин се појави на самитот во Рио де Жанеиро преку видео врска бидејќи се соочува со потерница од Меѓународниот кривичен суд за воени злосторства во Украина. Москва вели дека потерницата е неоснована и бесмислена.
БРИКС е група земји во кои живеат 45 проценти од светското население.
„Сè укажува дека моделот на либерална глобализација станува застарен“, рече Путин во видео порака. „Центарот на деловната активност се префрла кон пазарите во развој“.
Путин, исто така, ги повика земјите од БРИКС да ја зголемат соработката во сферите на природните ресурси, логистиката, трговијата и финансиите.
Шесте главни членки на БРИКС – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка – имаат вкупен БДП од 28 билиони долари, додека групата Г7 има повеќе од 51 билион долари, според Меѓународниот монетарен фонд.
Голем дел од економската моќ на БРИКС, кој ги вклучува и Египет, Етиопија, Индонезија, Иран и Обединетите Арапски Емирати, доаѓа од Кина, која сочинува повеќе од 60 проценти од вкупната економска моќ на БРИКС.