ПССЕ би можело повторно да ги отвори вратите за Русија


Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), би можело повторно да ги отвори вратите за Русија, санкционирана од 2014 година за својата агресивна политика во однос на Украина. По ова прашање ПССЕ е поделено, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Непосредно пред летната сесија на Парламентарното собрание на Советот, рускиот парламент посочи дека нејзината делегација е подготвена да им се приклучи на Стразбур на 46-те национални делегации кои го сочинуваат ова собрание.

Се чини дека реинтеграцијата на Русија е готово прашање, било меѓу поддржувачите или противниците на оваа мала дипломатска револуција. Гласањето за новиот генерален секретар на институцијата, чиј мандат завршува, дури е одложено за еден ден, до 26-ти јуни, за да се осигури дека руските парламентарци ќе можат да учествуваат во него.

Санкциите против Русија беа усвоени од страна на ПССЕ во неколку бранови од 2014 година, во пресрет на анексијата на Крим и војната во Донбас. Меѓу нив: одземање на гласачките права на руската делегација и забрана за учество во одредени комисии …

Со други зборови, овие санкции без економска компонента остануваат многу помалку казниви од оние што ги имаат усвоено другите институции и  посебно Вашингтон и Брисел. Но, нивното укинување би имало голема симболична тежина и би можело, според противниците на оваа мерка, да претставува опасен преседан и уште повеќе срамно за Советот на Европа, каде што заседаваат претставниците на 47 национални парламенти кои имаат за главна мисија – одбрана на човековите права и владеење на правото.

Претходните обиди за реинтеграција на руската делегација во минатото пропаднаа, но односот на силите во последниве неколку недели значително се промени, особено под заедничкото дејствување на Франција и Германија. Сепак, политиката на Москва е таа која првенствено носи плодови. Од 2016 година, Кремљ престана да испраќа претставници во Стразбур, по што го суспендира исплаќањето на својот годишен финансиски придонес (33 милиони евра, или 7% од буџетот), со што се стави целиот Совет на Европа и Европскиот суд за човекови права во потешкотии.

Пред сè, Кремљ редовно се заканува да се повлече целосно од организацијата, со што ќе лишат 144 милиони руски државјани од заштитата на Европскиот суд за човекови права, тело зависно од Советот на Европа. Иако Москва ретко се придржува до неговите пресуди, Судот останува последно средство за многу Руси. За дваесет години, судот од Стразбур доби повеќе од 160.000 жалби против Русија а меѓу бројните пресуди, тој му даде право на Алексеј Навални или на протестната група Пуси Риот.

Различните руски пристапи или закани го сменија мислењето на избраните членови на Парламентарното собрание, вклучувајќи ги и оние кои тешко се рангираат меѓу про-Кремљ, но кои се плашат од целосен прекин на односите со Москва, а да не го споменуваме ризикот од зараза кон Турција или Азербејџан, други две земји кои се честопати критикувани од ПССЕ за нивните политики за човековите права.

-Идејата не е да гласа за поддршка на оваа или онаа земја, вели Амели де Монтшалан, државен секретар за европски прашања, кој во името на Франција претседава со Советот на Европа.

-Целта е Советот на Европа, најголемата мултилатерална организација во Европа, повторно да биде во можност целосно да работи без да биде заложник на геополитички дискусии. Ние не сме Советот за безбедност на ОН, не сме ние кои треба да го решиме конфликтот во Украина. Не смееме да видиме што се случува во Советот на Европа како сигнал за каква било француска или германска потклекнување кон Русија, вели таа.

Исто така се очекуваат гестови од Москва. Ова вклучува посета на Крим од страна на Комесарот за човекови права. Но руската страна, времето изгледа како да се слави целосната победа: додека составот на делегацијата испратен во Стразбур сè уште не е објавен, некои руски официјални лица тврдат дека ќе ги вклучат во делегацијата и избраните претставници кои го претставуваат анексираниот Крим .

Противниците на враќањето на Русија, сметаат со ова се поткопуваат врендостите на Советот на Европа и дека  за ова „најодговорен е Генералниот секретар во заминување, Торбјорн Јагланд, кој сега дозволува  да и се простат акциите на Русија. Тоа е политичка одлука, која Москва ќе ја претстави како победа, а која може да предизвика и имплозија на организацијата.“

Имено и про и против враќањето на Русија, го истакнуваат ризикот од „крајот на Советот на Европа“. Првите дека тој  ќе биде ампутиран од еден од нејзините важни членови, вторите  поради тоа што ќе згазни на своите сопствени резолуции. Застапниците на последната теза, исто така, потсетуваат дека кредибилитетот на организацијата во последниве години е засегнат од неколку скандали кои го нагласуваат влијанието на Азербејџан со корупцијата на некои членови на Парламентарното собрание.

Аргументите на двете страни може да го сменат текстот кој конечно е усвоен, но, како што стои, резолуцијата усвоена претходно од страна на Комитетот за правила изгледа како победа за Москва. Формално, ја поканува руската делегација да се врати во Собранието без примена на претходно усвоените санкции, и во иднина е потешко да се донесе одлука за нови санкции.

Во исто време, Комитетот на министри, кој се состана во Хелсинки на почетокот на јуни, ја прифати идејата да и се дозволи на Русија да се врати во Советот на Европа за време на седницата, без да се чека крајот на годината, и со тоа да учествува во замената на Јагланд. Знак за еволуцијата на рамнотежата на силите, 39 од 47 земји го поддржаа овој предлог.

Соочена со овој широк фронт, Украина е поддржана од само неколку држави од Источна Европа. Нејзините претставници одбија, во знак на протест, да учествуваат на состанокот во Хелсинки. За Павло Климкин, неговиот министер за надворешни работи, укинувањето на санкциите во Стразбур значи “смрт” на договорот од Минск. Украинската делегација, исто така, се закани дека ќе го напушти Советот на Европа.