Протестите против Вучиќ продолжија и на дожд


И покрај дождот и невремето во Белград, неколку илјади граѓани и вечерва се собраа да протестираат против Александар Вучиќ и начинот на кој што ја практикува власта. На собирот говореа советничката на Демократската партија, Драгана Ракиќ и учителот Марко Радосавлјевиќ, кој бил приведен од полицијата по минатиот протест.

„Се бориме за правда, независни медиуми и независно правосудство. Во оваа борба сме сите заедно, нема раздор, политичка партија, организација, студентите се обединети за подобра Србија. Демократијата бара активни поединци. Да бидеме сложни, да се чуваме, бидејќи никој сам нема да се избори за оваа држава“, рече Ракиќ.