Проширено обвинението за родителите на детето убиец од „Рибникар“
Вишото јавно обвинителство (ВЈТ) во Белград денеска соопшти дека до Вишиот суд во Белград доставило проширување на обвинението против родителите на Коста Кецмановиќ, детето масовен убиец од „Рибникар“. Во проширениот обвинителен акт се наведува и дека Владимир и Миљана Кецмановиќ се сомничат дека сториле кривично дело Запуштање и злоупотреба малолетно лице, јави дописникот на МИА од Белград.
Главниот јавен обвинител на ВЈТ во Белград, Ненад Стефановиќ, прецизира дека до проширување на обвинението дошло по собирањето на сите релевантни докази во текот на кривичната постапка против обвинетите, која во моментов е во фаза на главен претрес пред Високиот Суд во Белград, против В.К. за сторено кривично дело -Тешко дело против општата безбедност и против М.К. за кривично дело Недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материи.
Стефановиќ посочи дека постои оправдано сомневање дека обвинетите во периодот од 30.04.2022 до 03.05.2023 година грубо ја занемариле својата должност за воспитување и го запуштиле своето малолетнот дете, кое на 3 мај 2023 година со огнено оружје го убило работникот за обезбедување во ОУ „Владислав Рибникар“ и девет ученици од тоа училиште, како и поради тоа што тешко ја повредило наставникчката по историја и уште петмина ученици.
-Поради фазата на постапката во која јавноста е исклучена со одлуката на Вишиот суд во Белград, не можам да ги изнесам деталите за проширување на обвинението, но укажувам дека токму инкриминираното однесување на родителите резултирало во овој невиден, трагичен настан на 3 мај 2023 година во ОУ Владисав Рибникар, заклучи Стефановиќ.