Пронајдено телото на свршеникот на убиената Габи Петито
САД-Човечките остатоци пронајдени во средата во националниот парк на Флорида му припаѓаат на Брајан Лондри, свршеникот на убиената американска блогерка Габи Петито.
Остатоците се идентификувани со помош на денталните податоци на Лондри, potvrdi FBI.
Инаку, човечки остатоци беа најдени во резерватот Карлтон во американската сојузна држава Флорида, на колација која порано била под вода. Порано беше објавено дека на истата локација беа најдени неговите лични работи – ранец и бележник.
Остатоците биле таму извесно време
Лондри не беше обвинет за смртта на својата свршеничка, иако е обвиент за наводно користење две банкарски сметки кои не му припаѓале, во времето по нејзиното убиство.
Извор близок до истрагата за Си-ен-ен вели дека остатоците биле таму некое време.
Родителите на Брајан Лондри биле на местото кога се пронајдени посмртните останки. Тие ѝ помогнале на полицијата во наоѓањето на други предмети.
Според адвокатот, родителите на Лондри во вторникот вечерта ги известиле агентите од ФБИ и локалната полицјиа дека сакаат да го посетат паркот за да го побараат својот син.
Таму ги пречекале полицајци и ги следеле низ паркот.
Кога ги нашле останките, полицијата ги замолила да го напуштат местото. На прашањето зошто родителите одлучиле да одат токму во тој парк, нивниот адвокат велид ека тоа бил првиот ден откако паркот повторно бил отворен за јавност.
„Паркот беше затворен за јавност. навистина немаше друга причина да тргнат во потрага на друго место“, вели тој.
Уште не е познат виновникот за убиството на Габи Петито
Габи, кон крајот на јуни замина на патување од својот роден граф на Лонг Ајланд во Њујор со својот свршеник Брајан. Своето патување го бележеа со објави на социјалните мрежи.
Патувањето требало да трае четири месеци, но Брајан на почетокот на месецот се вратил сам дома на Флорида. Семејството Петито го пријави исчезнувањето на Габи десетина дена подоцна.
Уште не е јасно што се случило и кога исчезнала Габи, а подоцна и Брајан.
Што се однесува на Брајан, неговото семејство го приави исчезнувањето во текот на викендот , во средината на септември, откако им кажал дека ќе оди на планинарење на 14 септември, но повеќе не се вратил. Пред да исчезне, на полицијата не ѝ дал никакви податоци. Исто така, кога исчезна неговата свршеничка, тој не пријави нуту во полиција, ниту пак кажа нешто пред семејството. Брајан и Габи живееле заедно во куќа во Норт Порт на Флорида.