Промовирана велосипедската рута Транс Динарика со дигитална апликација, долга е 5.000 км од кои 650 км низ Македонија
Велосипедската рута Транс Динарика, револуционерна иницијатива која опфаќа шест земји од Западниот Балкан и ќе го трансформира одржливиот туризам во регионот официјално беше промовирана денес. Станува збор за иновативна патека долга 5.000 километри која не само што ги истакнува прекрасните пејзажи и богатото културно наследство на земјите од Западен Балкан, туку има за цел да донесе значајни економски и социјални придобивки.
На настанот по тој повод се обратија министерот за култура и туризам Зоран Љутков; амбасадорката на Шведска во Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Ами Ларсон-Јаин; како и менаџерот на програмата RECONOMY, Пауло Родригез, кои ја нагласија трансформативната улога на иницијативата во регионот.
„Велосипедската рута Транс Динарика нуди 5.000 километри велосипедизам низ Западниот Балкан, вклучувајќи 605 километри низ Северна Македонија. Оваа рута им овозможува на посетителите да ги доживеат убавите пејзажи, различните традиции, кујна и приказни од овој регион,“ рече министерот Љутков. „Промовирањето на Западниот Балкан како уникатна туристичка понуда ќе придонесе за одржлив туризам и регионална соработка, овозможувајќи економски и социјален просперитет, додека истовремено отвора врата за дополнителни стратешки инвестиции. Министерството за култура и туризам го препознава овој проект како одлична можност за промоција на рекреативниот туризам, историските места, природната убавина и различните искуства на местата долж патеката, додека истовремено го зајакнува локалното стопанство, создавајќи работни места и поттикнувајќи културна размена.“
Амбасадорката Ларсон-Јаин, го изрази своето воодушевување од иницијативата, изјавувајќи: „Овој проект претставува значаен исчекор во нашите колективни напори за поттикнување на одржлив рурален развој и унапредување на туристичката индустрија во овој динамичен регион. Рутата Транс Динарика не е само за туризам; таа е за зајакнување и можности. Со фокус на младите лица и жените во руралните подрачја, придонесуваме за стимулирање на туристички активности коишто ќе генерираат нови работни места и дополнителни приходи. Оваа иницијатива е сведоштво за моќта на соработката и заедничката визија за посветла иднина за Западниот Балкан.“
„Транс Динарика е повеќе од велосипедска патека; тоа е патување кое нè поврзува со срцето и душата на Западниот Балкан. Се протега низ шест земји, преку 5.000 километри и безброј приказни кои чекаат да бидат откриени. Оваа рута е мост меѓу различните култури, заедничката историја и колективната иднина. Таа го симболизира потенцијалот кој се појавува кога заедниците, владите, меѓународните партнери и приватниот сектор ќе се обединат со заедничка цел: да промовираат одржлив развој, да поттикнат инклузија и да поттикнат економски раст во руралните подрачја,“ изјави Пауло Родригез, менаџер на програмата RECONOMY.
По говорите, претставниците од Гудплејс (Goodplace), Јан Клавора и Матич Кланјшчек, ја претставија велосипедската рута Транс Динарика и придружната дигитална навигациона апликација. Тие истакнаа како рутата ги поврзува различните култури, традиции и средини, овозможувајќи им на велосипедистите неповторлив начин за истражување на регионот.
Препознаена од над 100 меѓународни медиумски куќи, вклучувајќи Лонли Планет (Lonely Planet), Си-Ен-Ен (CNN) и Гардијан (Guardian), Транс Динарика веќе е прославена како една од „Најдобрите за патување“ за 2024 година.
Настанот заврши со интерактивна сесија во која учесниците, вклучувајќи ја шведската амбасадорка и локалните велосипедисти, имаа можност да ја тестираат новата дигитална апликација на делови од патеката. Ова практично искуство ја покажа леснотијата за управување со навигацијата, која се очекува да ја зголеми употребата и задоволството на туристите.
Се предвидува дека Транс Динарика ќе генерира 15 милиони евра во рок од три години и ќе создаде над 3.000 работни места, значително зајакнувајќи ги локалните економии на руралните подрачја долж патеката. Со обединување на јавниот и приватниот сектор, локалните заедници и меѓународните партнери, проектот има за цел да го позиционира Западниот Балкан како водечка дестинација за зелен туризам. Повеќе информации за Велосипедската Рута Транс Динарика на следниот ЛИНК.
Инаку, на интернет страницата на Велосипедската рута Транс Динарика, за Македонија се наведени и делниците со детални објаснувања, а како главните моменти се посочени:
Возење велосипед околу Охридското Езеро, светско наследство на УНЕСКО.
Направете неверојатни фотографии во подножјето околу Националниот парк Галичица.
Јадете неверојатна храна и уживајте во стариот град во Битола.
Прошетајте низ неверојатните села исполнети со култура Галичник и Крушево.
Возете со стравопочит додека педалите под врвовите на планините Шар (Шар).
Карта на Транс Динарица во Северна Македонија