Промоција на Водич за перименопауза во Македонија


 Водич за перименопауза во Македонија ќе биде промовиран денеска во рамки на 21. Конгрес на Македонското лекарско друштво што се одржува во Скопје. 

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО)  соопшти дека водичот е прв систематизиран документ во државава со јасни стандарди и насоки за матични лекари и гинеколози, со цел жените да добијат навремена, квалитетна и интегрирана здравствена грижа во оваа значајна животна фаза. Изработен е од МАГО и Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување (ХЕРА), со поддршка на мултидисциплинарна експертска група.

На прес-конференцијата по повод промоцијата, ќе се обратат проф.д-р Глигор Тофоски, специјалист по гинекологија и акушерство, проф.д-р Катарина Ставриќ – претседателка на Катедра по семејна едицина, спец.д-р Борислава Спировска, матичен гинеколог и Весна Матевска – програмска раководителка во ХЕРА.