Промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“

Музејот на Република Северна Македонија го одбележува Меѓународниот ден на музеите – 18 Мај со промоција на публикацијата „Кузман Јосифоски – Питу – животна приказна“. Промоцијата ќе се одржи денеска во 12 часот, во изложбените простории на Музејот.
Публикацијата е дел од истражувачкиот проект посветен на животниот пат на револуционерот Кузман Јосифоски – Питу и се реализира во рамките на годишната програма, со поддршка од Министерството за култура и туризам.
Нејзината намена е да ја збогати музејската презентација и едукација, на теми со историска содржина и да послужи како корисно помагало во наставата по историја и граѓанско образование, во рамките на образованиот процес.
Автор на публикацијата е м-р Здравко Стојкоски, кустос – историчар во Музејот.