Промоција на Националната платформа за електронски упис на идните првачиња


Националната платформа за електронски упис на првачиња за новата 2021/2022 учебна година денеска ќе биде промовирана во ООУ „Вера Циривири – Трена“ во Општина Карпош.

Како што најави Општина Карпош, училиштето ќе го посетат министерката зa образование и наука Мила Царовска,  градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, претставник од амбасадата на Велика Британија во земјава Риџард Малион и извршната директорка на Центарот за управување со промени, Неда Малеска – Сачмароска.