Продолжува ракометната навивачка зимска атмосфера пред Ист Гејт Мол


Овие денови, навивачката еуфорија на фановите и вљубениците во ракометот се најголемата поддршка на македонските ракометари на Европското Првенство во ракомет 2022 во Унгарија и Словачка (Men’s EHF EURO 2022).

Пред Ист Гејт Мол посетителите на молот и фановите на македонската репрезентација, пред најголемиот ЛЕД екран, во навивачка зимска атмосфера деновиве му пркосеа на студот со развиорените знамиња, уживајќи во топлите и вкусни закуски заедно со своите пријатели и семејства.

Вечерва, 17.01.2022 (понеделник), фановите повторно ќе ја дадат својата поддршка со навивачки песни и еуфорија, навивајќи за време на следниот дуел на македонските ракометари на европското првенство со репрезентацијата на Данска, во спортската навивачка зимска зона пред Ист Гејт Мол, со почеток во 20:30 часот.
 
До 30.01.2022, сите фанови и љубители на ракометот имаат и единствена шанса да бидат дел од забавната спортска активност на Спорт Вижн и Интерспорт во Ист Гејт Мол, „Дај гол и добиј попуст“.

Посетителите на најголемиот шопинг центар во регионот покрај безбеден и комфорен шопинг низ пространите коридори и забавни содржини во Ист Гејт Мол, до 30.01.2022 можат да уживаат и во програмата во живо на Спортско Радио.

Видеото од навивачката еуфорија пред најголемиот ЛЕД екран пред Ист Гејт Мол во Скопје е достапно на следниот линк:
https://www.facebook.com/eastgatemall.mk/videos/462713222234250/