Приватно вселенско летало слета на Месечината

Вселенското летало Блу гоуст, со големина на компактен автомобил и опремено со четири нозе, носело 10 научни товари.
Фајерфлај стана втората приватна компанија која изврши меко слетување на Месечината, по Интуитив машинс, чие летало Одисеја слета на Месечината минатата година. Досега, само пет земји успешно извршија меко слетување: поранешниот Советски Сојуз, САД, Кина, Индија и Јапонија.
Блу гоуст беше лансиран пред месец и половина со ракета на Спејсекс од вселенскиот центар Кенеди на НАСА на Флорида. Тој патувал околу 383.000 километри до Месечината.
„Сè помина без проблеми, дури и при слетувањето, потоа видовме дека сè е стабилно и исправено“, изјави извршната директорка на Фајерфлај, Џенет Петро.
Со поддршка на НАСА и нејзината програма Артемис, приватни компании како Фајерфлај, Спејскекс на Илон Маск и Блу ориџин на Џеф Безос играат клучна улога во модерната трка до Месечината.