Пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Хрватска


Во земјава утрово пристигнаа 20.000 вакцини на „Астра Зенека“, донација од Република Хрватска, информираат од Министерството за здравство.

Ова е втора донација на вакцини „Астра Зенека“ од хрватската Влада. На почетокот од месец јули, донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.

Од Министерството за здравство информираат дека вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата.