Принцот Чарлс позитивен на Ковид-19
Англија– Принцот од Велс е позитивен на „Ковид-19“ и сега е во самоизолација, соопшти Кларенс Хаус.
Ова е вторпат престолонаследникот да биде позитивен на коронавирусот откако се зарази со болеста во март 2020 година.
Принцот од Велс рече дека „многу лесно се извлекол“ кога се заразил со коронавирус на почетокот на епидемијата во Англија во март.
Веста доаѓа откако принцот Чарлс и сопругата Камила заедно со министерката за внатрешни работи Прити Пател и канцеларот Риши Сунак присуствуваа на настанот на British Asian Trust што се одржа синоќа во Британскиот музеј.
Чарлс, кој го основа трустот во 2007 година, зборуваше на повеќе од 350 гости за влијанието на Ковид врз регионот.