Принцезата Шарлин го славеше Националниот ден на Монако во црвено


Монако- Принцезата Шарлин од Монако се појави во монохроматско издание , а нејзиниот црвен капут со чизми беше избран со големо внимание и е одговорен за wow ефектот што го постигна.

Кнежевството Монако деновиве почна да го слави Националниот ден на Монако, а првиот настан на кој се собра владејачкото семејство беше богослужбата во катедралата Пресвета Богородица. Покрај принцот Алберт беа и нивните близнаци Жак и Габриле кои имаат осум години.

Иако се собраа сите истакнати членови на семејството, меѓу нив и принцезите Каролина и Стефани, најголемо внимание привлече принцезата Шарлин од Монако, која во последните години е најпозната како „најтажната принцеза на Европа“, но нејзината насмевка покажува дека оваа „титула“ повеќе не ѝ одговара.

Сопругата на принцот Алберт Втори изгледаше како и обично божествено, а за оваа прилика избра монохроматски стајлинг, кој нормално е нејзин редок избор. Сепак, дури и кога носи една боја, Шарлин знае како да остави впечаток, а овој пат нејзиното главно оружје беше раскошната црвена боја, националната боја на Монако. 

Принцезата ги поздрави граѓаните во елегантен капут во А-крој, модел со широки ревери кои паѓаат на рамениците и копче со дворедно закопчување, совршен ако сакате визуелно да ја стесните фигурата и да го скриете секој вишок во стомакот и колковите.

Со тоа комбинираше црвена блуза, чизми од модната куќа Маноло Бланик со високи потпетици и изработени од велур кожа, и беретка од Стефан Џоунс и елегантни ракавици.