Прилеп и Битола од јуни ќе се поврзат со градски воз
Поради изградбата на автопатот Прилеп-Битола, овие два града се потполно одделени со месеци, па затоа надлежните планираат да воведат градски воз, што би собраќал до индустриската зона „Жабени“ и тоа за 150 денари повратна карта.
Во моментов се користи стариот пат Прилеп – Битола, којшто е со полмал проток, поради изградбата на автопатот, која треба да заврши дури во пролетта 2029 година.
За таа намена се планира да се пушти градски воз, Прилеп-Битола-Жабени, но од јуни, а билетот би чинел 150 денари, најави министерот за транспорт и врски Александар Николоски.
– Некаде во јуни најдоцна да пуштиме меѓуградски воз, којшто би оперирал, на линија Прилеп-Битола-Жабени и на тој начин да можат оние коишто имаат дневна потреба помеѓу овие два града, а и оние коишто работат во индустриската зона „Жабени“, да го користат возот, што би значело на време да се стига, брзо да се стига и да одиме со една промотивна цена од 150 денари за повратна карта, што е убедливо најевтино што може да се најде на пазарот – вели Николоски.
Николоски за овој план разговарал со директорите на железничките претрпијатија и очекува возот да стане реалност од јуни.