Пријавени во МВР граѓаните што ги избркале попишувачите
Резултатите од пописот ќе покажат дека околу 300.000 иселеници надвор од Македонија имаат македонско државјанство, а не се попишале, изјави директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, во вестите на Телма.Пописот заврши во септември годинава, а за обработка на податоците потребно е време од околу половина година.
– Три месеци не се доволни за обработка и за објавување на резултатите од пописот. Во овој момент никој не ги знае резултатите. Затоа не сакам да ги коментирам шпекулациите за процентуалната застапеност на Албанците и на другите заедници. Најголемиот дел од населението е попишан, а поднесени се претставки до МВР за десетина граѓани кои одбиле да соработуваат со попишувачите. Исто така, околу 300.000 иселеници имаат македонско државјансто, а не се самопопишале – истакна Симовски.
На пописот, спроведен по речиси 20 години, беа попишани милион 833 илјади лица во земјава и 205.000 што се самопопишаа од странство.