Пријавени два нови случаи на врсничко насилство во Карпош и во Центар
Два одделни случаи на физички напади врз малолетници се пријавени во СВР Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
Во првиот случај, вчера во 11:30 часот, 38-годишна жена пријавила дека на 21 јуни, околу 21 часот, на подрачјето на Карпош нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. Според пријавеното, тој познавал двајца од напаѓачите.
Истиот ден, околу 23:35 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар малолетничка била физички нападната од две други малолетнички кои ги познавала.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.