Преживеаните со изгореници и трауми однесени во болницата „Пирогов“
Според пишувањето на БГНЕС во автобусот имало 52 лица, а меѓу загинатите има 12 малолетници, меѓу кои и две близнаци. Во несреќата загинал и возачот. Вкупно 7 души – 2 жени и 5 мажи, преживеале и се згрижени во болницата „Пирогов“, сите со изгореници на лицето и горните дишни патишта. Според докторите од болницат, сите се надвор од животна опасност и покрај ешките повреди. Со изгореници на рацете има двајца, другите се со различни рани. Ова го рече професор Маја Аргирова, раководител на клиниката за изгореници . Седмата жртва се здобила со скршеница на бутот и била примена на Трауматологија.
Луѓето се во тешка психотраума, имаат изгубени роднини, деца. Тие скокнале од прозорците на автобусот и од таму се нивните повреди, додаде Аргирова. По 3 часа биле донесени во болница. Според 24 Часа, едната од жртвите, жена и две деца во рацете, биле најдени изгорени пред средната врата. Sepak, spored
-Немаме ништо добро да кажеме, почнуваме со една непријатна вест: трагедија која не потресе. Оваа сообраќајна несреќа мора брзо да се истражи. Кога сè е направено, може да се коментира за веројатната причина. Оставете ги истражителите да си ја завршат работата, порачаа од бугарските институции.-
Имаме огромна трагедија и ја користам оваа прилика да им изразам сочувство на роднините на жртвите,изјави премиерот Стефан Јанев од местото на инцидентот.
Јанев, министерот за внатрешни работи Бојко Рашков и заменик главниот обвинител Борислав Сарафов се на местото на настанот.
-Да се надеваме дека ќе ги извлечеме поуките од овој инцидент и повеќе нема да дозволиме вакви инциденти. Во моментов е јасно само дека автобусот е регистриран во Северна Македонија. Во раните утрински часови го информиравме премиерот Заев, кој патува сам, додаде Јанев.
-Сликата е ужасна, изјави министерот за внатрешни работи Бојко Рашков. Не секој може да ја поднесе оваа слика. Трагедијата детално ќе се расчисти во текот на истрагата. Не е за гледање, нагласи министерот. Од мое искуство би рекол дека досега не сум видел вакво нешто, разговаравме и јас и мојот колега Сарафов – луѓето се згужвани, јагленисани, а никој во моментов не може да биде сигурен колку се и кои се. Тешко е да се идентификува и утврди човек по човек. На патниците им било овозможено да се префрлаат од еден во друг автобус за време на одделни постојки. Од Истанбул до Скопје сообраќале четири автобуси. Можно е некој да е префрлен, па тешко е да се каже точниот број на загинати, рече Рашков.
Има заштитна ограда на патот која е збришана, што значи дека поминал десно во правец на движење, се судрил со заштитната ограда која била уништена. Сосема е можно палењето да настанало и како резултат на контакт со мантинат. Се е можно, се надевам се ќе се разјасни многу брзо, додаде министерот.
-Ова е човечка трагедија непозната по нејзините размери, изјави заменик главниот обвинител Борислав Сарафов. Тим од судски лекари патува до инцидентот и од секое тело ќе биде земен примерок за идентификација на ДНК. Првичните информации се дека нема бугарски државјани. Има две верзии: човечка грешка на возачот, а втората е ненадејна техничка неисправност, рече Сарафов. Преживеаните во моментов се испрашуваат од тимови на експерти.
Сообраќале четири автобуси на една компанија, на бензинската пумпа „Кристал“ имало пауза малку по Софија, па не е јасно дали во автобусот биле токму овие 52 или имало трансфер. Истрагата за инцидентот ќе трае цел ден, повика министерот за внатрешни работи Рашков.
-Зборуваме за огромна трагедија, почитувајте ја професионалноста и етичноста при покривањето на овој инцидент, ги повика новинарите на Јанев.
Заев заедно со министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерот за здравство Венко Филипче патуваат на местото на автобуската несреќа во која загинаа 45 македонски државјани. Автобусот е на „Беса Транс“, компанија регистрирана во Рашче.